Во голема експлозија на бомба во исламско верско училиште во Пешавар во северозападен Пакистан загинаа најмалку седум ученици, а 112 беа повредени, соопштија полициски и болнички извори.

Експлозијата се случи за време на специјалниот час по исламски учења во главната сала на медресата џамија Зибаири, изјави полицискиот службеник Вакар Азим.

Експлозијата се случи за време на часовите на Куранот. Некој внесе торба (со бомба) во медресата, изјави Вакар Азим за АФП. Лицето што ја донесе бомбата го напушти местото пред експлозијата, додаде тој.