Во акција на пазарниот инпекторат пет објекти во Скопје се затворени – четири кафеани и една игротека.

Меѓу затворените е и еден бар со стриптизети во скопското село Крушопек. Барот бил полн, воопшто не се почитувале протоколи и работно време, а за време на контролата имало и неколку стриптизети кои ги забавувале гостите.

Во ТЦ „Мавровка“ бил затворе уште еден угоститетлски објект информираат надлежните а исто така казнета е и игротека каде се славело роденден со повеќе славеници.

Тоа што синоќа го видовме на терен беше како воошто да нема пандемија – вели директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пануновски.

Во центарот на Скопје ги затворивме локалите „Интермецо“ и „Три кичен“. Казната е забрана за работа од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Знаеме дека на многу места не се почитуваат протоколи и ако сега не сме интервенирале, ќе дојдат на ред и тие. Ние сме тука, не одиме никаде и постојано сме и ќе бидеме на терен – изјави Пауновски.

Гостите кои биле во кафулињата за време на контролата не биле казнети.

Пазарниот инспекторат не може да изрекува казни на физички лица, туку само на правното лице и да го затвори објектот.

Гостите може да ги казни само полицијата по основ непочитување на ковид протоколи.