Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесувањето на коронавирусот.

Според научниците, ова се случува претежно во затворен простор.

-Бидејќи циркулацијата на воздухот на отворено е многу поголема. Имате струи на ветер, така што концентрацијата на аеросолот се разредува многу брзо, изјави за ДВ, Нико Мутерс, раководител на Институтот за јавно здравје при Универзитетската клиника во Бон.

Слично вели и Александар Кекуле, вирусолог, но додава – сето ова е точно ако растојанието од најмалку метар и половина се чува на отворено.

Ако не ја одржувате таа далечина, сте свртени кон лицето на другиот и разговарате гласно, пеете, викате, плукате – тогаш, наместо аеросоли, може да добиете капка.

Студиите потврдуваат дека ризикот од инфекција надвор е исклучително мал. Едно истражување од Кина проучувало 7.324 случаи на инфекција – само еден случај на отворено.

Кекуле вели дека истото важи и за мутациите на вирусот – тие се нешто позаразни.

Мутантите не летаат повеќе од прототипот на вирусот, изјави вирусолог за Дојче веле.

Колку е ветровито, толку побрзо ќе се скршат аеросолните облаци направени од човекот, рече Герхард Шеух, физичар и истражувач на аеросол. Тоа е практично невозможно.

Само поради температурата на телото, се создава еден вид струја на воздухот, која претежно, како и со камин, оди нагоре, изјави овој физичар за ДВ.

Бидејќи, телесната температура од околу 37 степени е генерално повисока од надворешната.

На тој начин се искачува потоплиот воздух, дури и тој аеросолен облак.