дома информација вест Имаме најмногу случаи на корона вирус на 100.000 жители во регионот, пред...

Имаме најмногу случаи на корона вирус на 100.000 жители во регионот, пред нас е само Црна Гора

- Само Црна Гора е пред Македонија во табелите на европски центри за статистика по број на заразени од почеток на епидемијата до сега

390
0

Црна Гора е на прво место во Европа по бројот на случаи на 100.000 жители од почетокот на пандемијата до сега.

Според податоците на европските статистички центри, нема друга земја од регионот меѓу првите 10 од 45 европски земји со најмногу заразени.

Според податоците објавени на 16 октомври, Црна Гора има стапка од 2.385,15 регистрирани случаи на корона на 100.000 жители, следени од Ерменија и Шпанија.

Според бројот на заразени лица на 100.000 жители досега, Македонија е на 11-то место, а Босна и Херцеговина на 14-то место. Следува Словенија, која е зад Хрватска, додека Србија е на 30-то место со 509,12 заразени на 100 000 жители.

Кога станува збор за стапката на инциденца во последните седум дена, најголем број на заразени на 100.000 жители е забележан во Андора, по што следуваат Чешка, Белгија и Холандија, додека Црна Гора е на петтото место.