Илон Маск е работохолик, некој што има одлични идеи, амбиции и огромно богатство, но започна многу скромно.

Неодамна, тој за кратко време беше и најбогатиот човек на светот, по што само твитна: „Колку е чудно“ и „Па, назад на работа“.

Кога јас и брат ми ја основавме првата компанија, не изнајмивме стан. Изнајмивме мала канцеларија и спиевме на каучот. Се туширавме во христијанската црква. Имавме само еден компјутер, работев седум дена недела, правев кодови навечер, изјави Маск во една прилика.

Извршниот директор на Тесла е сè уште познат работохолик. На пример, во 2018 година, за време на производството на Model 3, тој често работеше 120 часа неделно и спиеше во фабриката.

Имаше моменти кога не ја напуштав фабриката три или четири дена.

Сепак, тој призна дека тоа секако влијаело на неговиот однос со децата. Сега ги советува помладите генерации да ризикуваат повеќе отколку да работат напорно.

Луѓето имаат тенденција да го преценуваат ризикот, рече Маск, чија компанија за е-возила започна со работа во 2004 година.

Едно е ако имате хипотека за куќа и деца. Но, ако сте млади и штотуку го напуштате факултетот, што ризикувате, вели американскиот милијардер.