Разгледување на актуелната епидемиолошка состојба и дискусија во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините, било зборувано на денешната средба на Комисијата за заразни болести, соопштуваат од Министерството за здравство.

Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход-посочуваат од ресорното министерство.

Комисијата за заразни болести, во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките.