Главоболките или стомачните, особено кај жените за време на менструалниот циклус, како и високата температура можат да бидат неподносливи. А на некои луѓе и после јадење и спиење, постојаните болки не престануваат, а единствено што им преостанува е да пијат лекови против болки, како ибупрофен и парацетамол.

Сепак, овие лекови не треба да ги мешаат одредена група на луѓе. Имено, доколку имате 16 и повеќе години, тоа е сосема безбедно, но давање на деца воопшто не се препорачува.

Главната разлика меѓу нив е што ибупрофен, за разлика од парацетамолот, има антиинфламаторно (антивоспалително) дејство, што значи дека ја намалува болката намалувајќи го воспалението.

Сепак, ибупрофен е поефикасен во намалувањето на воспалението. Се јавува од различни причини: може да биде знак на инфекција или е одговор на телото на нешто што не е во ред.

Може да се користи за ублажување на артритис, менструални болки, болки во грбот или забоболки. Лекот исто така може да го намали отокот предизвикан од исчашувања и истегнувања.

Ибупрофен никогаш не треба да се зема на празен стомак бидејќи може да ја иритира слузокожата и да предизвика чир или крварење. А најефикасен е кога се зема со храна или веднаш после јадење.

Парацетамол не треба да се зема после оброците и обично може безбедно да се зема заедно со други лекови. Одредени групи на луѓе не треба да земаат ипобруфен, како што се оние кои:

  • се алергични на него
  • имаат алергиски реакции (отежнато дишење, течење на носот, црвенило на кожата) по земање аспирин и слични лекови
  • се во друга состојба
  • имаат висок крвен притисок

Исто така, ибупрофен не се препорачува за постари лица, луѓе кои имаат астма, проблеми со бубрезите или црниот дроб, лупус, Кронова болест, висок крвен притисок и стеснување на артериите, кои имале мозочен удар, проблеми со срцето, стомачно крварење.

Двата лека може да се земаат на секои четири часа, а сè што е над тоа може да биде многу опасно. Затоа, не ја зголемувајте дозата, колку и да е силна болката, туку веднаш посетете лекар!

ИЗВОРМондо.рс
претходниот член,Од утре автобусите на ЈСП повторно ќе превезуваат патници
Следната статијаНов сообраќаен хаос во Скопје, ни утрово автобусите на ЈСП не се тргнати од пред Влада