Советот на Град Скопје денеска на втората вонредна седница, едногласно со 39 гласа „ЗА“, го изгласа ребалансот на градскиот буџет со што ќе се одвојат 133 милиони денари за субвенционирање на ЈСП.

Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски потврди дека трансферот на пари е направен, а вработените утре ќе ја добијат платата.

Работниците на ЈСП утре ќе ја добијат септемвриската плата. И ме радува тоа што се обезбедени средства од буџетот на Град Скопје за наредните три плати. Што значи дека ќе нема потреба повеќе да чекаме 15-ти за тие средства да бидат доделени на вработените. А уште повеќе ме радува тоа што во ребалансот на буџетот за 2023 година јавното претпријатие ќе биде побогато за 360 милиони денари, рече Стојановски.