Главоболките или стомачните, особено кај жените за време на менструалниот циклус, како и високата температура можат да бидат неподносливи. А на некои луѓе и после јадење и спиење, постојаните болки не престануваат, а единствено што им преостанува е да пијат лекови против болки, како ибупрофен и парацетамол.
Сепак, овие лекови не треба да ги мешаат одредена група на луѓе. Имено, доколку имате 16 и повеќе години, тоа е сосема безбедно, но давање на деца воопшто не се препорачува.
Главната разлика меѓу нив е што ибупрофен, за разлика од парацетамолот, има антиинфламаторно (антивоспалително) дејство, што значи дека ја намалува болката намалувајќи го воспалението.
Сепак, ибупрофен е поефикасен во намалувањето на воспалението. Се јавува од различни причини: може да биде знак на инфекција или е одговор на телото на нешто што не е во ред.
Може да се користи за ублажување на артритис, менструални болки, болки во грбот или забоболки. Лекот исто така може да го намали отокот предизвикан од исчашувања и истегнувања.
Ибупрофен никогаш не треба да се зема на празен стомак бидејќи може да ја иритира слузокожата и да предизвика чир или крварење. А најефикасен е кога се зема со храна или веднаш после јадење.
Парацетамол не треба да се зема после оброците и обично може безбедно да се зема заедно со други лекови. Одредени групи на луѓе не треба да земаат ипобруфен, како што се оние кои:
- се алергични на него
- имаат алергиски реакции (отежнато дишење, течење на носот, црвенило на кожата) по земање аспирин и слични лекови
- се во друга состојба
- имаат висок крвен притисок
Исто така, ибупрофен не се препорачува за постари лица, луѓе кои имаат астма, проблеми со бубрезите или црниот дроб, лупус, Кронова болест, висок крвен притисок и стеснување на артериите, кои имале мозочен удар, проблеми со срцето, стомачно крварење.
Двата лека може да се земаат на секои четири часа, а сè што е над тоа може да биде многу опасно. Затоа, не ја зголемувајте дозата, колку и да е силна болката, туку веднаш посетете лекар!