Добив можност да зборувам јавно во име на сите жени, па да видиме дали можеме да сториме нешто – напиша Сташа Ивковиќ на Твитер откако на Телеграм објави слики од морничава преписка од групата „Нишлијке“, во кои експлицитни фотографии и видеа на девојчиња се делат, па дури и малолетничка, без нивно одобрување.

Денес цела Србија зуи за групата на социјалната мрежа Телеграм, во која се разменуваат експлицитни фотографии од девојчиња.

За групата дознав пред една година, тие ги бараа моите голи слики и снимки.

Сташа успеа да открие дека администраторот на групата „Нишлијке“, која брои повеќе од 20.000 лица, наводно е извесен Н.С. од Ниш.

Таа вели дека слушнала дека овој млад човек, кога девојчињата се сомневаат дека тој стои зад групата, е наводно кадет на Воената академија во Белград.