Градските власти на хрвaтскиот град Ѓурѓевац, донесоа одлука да забрана да се изведува и репродуцира народна музика во угостителските објекти и на терасте.

Одлуката ќе стапи на сила следниот викенд во центарот на градот, па важи од петок до недела, за време на познатата туристичка манифестација „Пицокијада“ во Ѓурѓевац.

Се известуваат угостителите кои во целост ги подмириле своите обврски кон градот Ѓурѓевац и кои пројавиле интерес за продолжување на работното време за време на „Пицокијадата“, се известуваат дека Градот Ѓурѓевац одлучил да одреди различно работно време за рестораните и баровите во градот, стои во соопштението.

Од 24 до 26 јуни угостителите можат да работат од 0 до 24 часот. Работното време важи и за терасите поставени до угостителските објекти, како и за шаторите поставени на јавни површини.

Во угостителските објекти лоцирани на Трг Св.Јурај и улицата Староградска во Ѓурѓевац ќе може да се изведува само соодветна традиционална и забавна музика, по одлука на градските власти.