Во среда завршува рокот на дел од антикризните мерки по што се очекува дополнително поскапување на основните прехранбени производи.

Според информациите на Сител, се очекува маслото за јадење на поскапи за 7 денари, а лебот за дополнителни 2 денари. Млекото би било поскапи за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.

Собранието во март ги усвои антикризните мерки предложени од Владата со кои се намалува ДДВ-то за основните производи за исхрана од 5% на 0% и се намалува акцизата на горивата, Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.

Со слободување на плаќање на ДДВ се опфатени лебот, брашното тип-400, шеќерот, маслото, кравјото млеко, месото, оризот и јајцата.

Според статистиката, во април производите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Случај кој го шокираше светот: Гинеколог направил преку 100 деца на пациентки што ги лекувал од неплодност
Следната статијаУслови за краткотраен пороен дожд и грмежи

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде