Лидерот на „Сојузот за иднината на Косово“ и поранешен премиер на Косово, Рамуш Харадинај рече дека сè додека на Вучиќ и на Србија им изгледа опасно, тоа значи дека тој е „на добар пат“.

Реагирајќи на изјавата на Вучиќ дека неговата најава за обединување со Албанија е закана за регионот и светот, Харадинај му порача на Вучиќ на Фејсбук да не се плаши.

Не плашете се, господине Вучиќ, нема потреба да бидете нервозни. Косово го бара само она што му припаѓа – напиша тој.

Тој исто така рече дека ако претседателот на Србија и другите сакаат да избегнат референдум за обединување на Косово со Албанија во 2025 година, постои едноставен начин – „Србија да го признае Косово како независна држава“.