Денеска е донесена одлука со која се укинуваат рестриктивните мерки за угостителите со кои се предвидуваше ограничување на работното време до 18 часот.

Од утре 21 Јануари 2021 кафулирањата, рестораните и објектите за послужување ќе работат до 21 часот под посебни протоколи кои ги подготви Комисијата за заразни болести.

Барањето за продолжување на работното време на угостителските објекти до 23 часот ќе се разгледува од владата и Комисијата за заразни болести во некој од следните денови.