Грција ќе им понуди на лекарите и на другиот медицински персонал трета доза од вакцината против ковид-19, објави денеска Министерството за здравство.

Здравствените советници веќе препорачаа вакцинација за ранливите групи и за оние над 60 години, пишува „Ројтерс“.

Вакцинацијата не е задолжителна, рече Мариос Темистоклеус, генерален секретар задолжен за вакцинација против ковид-19.

Грција денеска пријави 2.126 нови инфекции и 39 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 632.908, а смртните случаи на 14.505 од почетокот на пандемијата.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,На што се фокусира успешен човек со завидна кариера?
Следната статијаДревна техника Ајурведа за смирување на нервозни црева

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде