Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на даночните прашања, уредувањето и одржувањето на зеленилото на јавните површини, како и проблеми со јавниот превоз и чистењето на диви депонии.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани.

Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

ПРЕКУВработување
ИЗВОР24инфо
претходниот член,Кина бара одговорност од САД за 26 биолаборатории во Украина под контрола на Пентагон
Следната статијаЗдружението Диверзиум со новите проекти апелира за зголемување на свест за потребите на старите лица