Здружението Диверзиум денеска го реализираше проектот Ден на друштвени игри со стари лица.

Нашите домаќини денеска беа Дом за нега на стари лица Сончев дом во општина Сопиште.

При посетата на стари лица во Дом за нега на стари лица Сончев дом беа доставени донации на друштвени игри од Тримакс и пакет освежителни пијалоци од Кожувчанка.

Покрај општествено корисните и одговорни компании, значителен придонес во организација на проектот даде и општина Сопиште.

Со проектот кој ги става во фокус старите лице, Здружението Диверзиум за цели ги поставува интеграцијата на старите лица во општеството и зголемување на свеста за нивните потреби.

Проектите кои ги вклучуваат старите лица имаат за цел да ја поттикнат општествената одговорност кон оваа категорија на луѓе и да се зголеми видливоста за специфичноста на нивните потреби и проритети.

ИЗВОРДиверзиум
претходниот член,Град Скопје со твдење дека електронската апликација за комуникација со граѓаните дава ефикасни решенија
Следната статијаАко планирате летување во Грција, еве што треба да знаете:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде