За 20-тина проценти се поскапени цените во хотелско-угостителскиот сектор. Трендот на поскапување ќе продолжи и во следните месеци.

Туристичките работници стравуваат дека повисоките цени ќе придонесат за помал број на гости, бидејќи цената е пресудна за организирање на летните одмори.

За 20-тина проценти пораснаа цените на хотелските и угостителските услуги. Според хотелската асоцијација тоа се должи на трендот на пораст на цените на сите производи и зголемените трошоци.

Поскапени се аранжманите, храната и пијалаците во локалите, а тоа ќе продолжи доколку и во следните месеци растат цените на основните производи.

Тешко е отсега да дадеме цени со тоа што цените на се одат нагоре. Енергијата оди нагоре, прехраната оди нагоре, платата оди нагоре. Основните три артикли кои го прават нашиот производ одат нагоре нормално е дека и цената на производот оди нагоре, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.