Во Македонија во април годинава се евидентирани 82 635 туристи, кои оствариле 164 183 ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2022 година изнесува 39 786, од кои 43.1 % се домашни туристи, а 56.9 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во март 2022 година изнесува 87. 074, од кои 44.1 % се од домашните туристи, а 55.9 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 45.9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 21.0 %, а кај странските зголемувањето е за
79.5 %.

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 41.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 22.2 %, а кај странските зголемувањето е за 67.0 %.