Дали е поздраво да се пие кафе со или без млеко?

И тоа е еден од митовите дека кафето со млеко е лошо за желудникот. Нема докази дека оваа комбинација е лоша. Кафето кога ќе му се додаде млеко, губи малку антиоксидантни својства, што е една од најголемите придобивки на овој црн пијалок.

Она за што обично не се зборува, кога станува збор за кафето, се неговите диуретични својства.

Затоа се препорачува да пиете 2-3 чаши вода со секоја чаша кафе, со цел да се компензира течноста, вели д-р Раниќ од Центар со извонредна вредност во областа на истражување на исхраната и метаболизмот и додава:

Повеќе печено кафе има повеќе антиоксиданти. Ќе го препознаете по неговата боја, има потемна боја. Исто така, заблуда е дека ова кафе има повеќе кофеин, тоа не е точно. Има само посилен вкус, горчливо е и помалку кисело.

Негативни својства на кафето

„Во него има маснотии“, вели д-р Раниќ.

Ова се соединенија кои го зголемуваат лошиот холестерол. Тоа не е многу маснотии, но луѓето кои имаат фактор на ризик би било подобро да го избегнуваат.

Одамна е познато дека главната состојка на кафето, кофеинот создава зависност, па луѓето кои престануваат да го пијат имаат ефект на „повлекување“, што се манифестира преку главоболки, замор, па дури и некаква форма на депресија.