Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја објави потврдата дека примила вакцина против коронавирус.

Се радувам што денес ја добив првата доза на вакцината на „Астра зенека“. Им благодарам на сите кои се ангажирани во кампањата за вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата – напиша Меркел на Твитер.

Вакцината на „Астра зенека“ во Германија се дава само на лица над 60-годишна возраст. Со ова Меркел испрати порака дека и натаму верува во оваа вакцина, коментираат германски медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде