Македонија е меѓу петте балкански држави што британски „Гардијан“ ги препорачува како дестинации за летен одмор што заслужуваат да бидат „откриени“. Во написот опишани се и убавините на Црна Гора, Косово, БиХ и на Словенија. Згора, нагласено е дека овие држави имаат спектакуларни предели, места за пливање и древни градови, а сето тоа се нуди по пристапни цени.

Македонија е планинска, но зелена балканска држава. Иако е опкружена со копно, таа е благословена со езера: најпознато е Охридското Езеро, едно од најстарите во Европа и најдлабоко, но тука се и Преспанското и Дојранското Езеро и уште 50 помали езера. Охридското Езеро што е на листата на УНЕСКО е главната атракција, опкружено со древни манастири, барови на плажата и рибни ресторани. Меѓу тамошните активности вклучени се часови по готвење покрај езерото, велосипедизам, тури со бродови и параглајдинг. Градот со истото име е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се протегаат сликовите рибарски села – пишува авторката Рејчел Диксон.

За Главниот град Скопје, таа посочува оти има византиска тврдина и отомански центар, но и модерни додатоци, како што е Музејот на современа уметност. А меѓу местата што треба да се посетат во Македонија, „Гардијан“ ги издвојува и националниот парк Маврово со манастирот „Свети Јован Бигорски“, како и националниот парк Галичица и планината Пелистер.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Доколку излегувате од дома попладне подгответе си чадор!
Следната статијаОд денеска горивата се продаваат по нови пониски цени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде