Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,786 ден/кг.

ИЗВОРDodajgas.mk
претходниот член,Гардијан ја препорача Македонија како дестинација за летен одмор која заслужува да биде откриена
Следната статијаИдеални професии за луѓе кои се склони кон депресија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде