Европската Унија нарача повеќе од 180 милиони дози од вакцината „Бионтек/Фајзер“, прилагодена за варијантата Омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Говорејќи пред новинарите по Европскиот совет, Фон дер Лејен рече дека лидерите на ЕУ активирале клаузули во договорите потпишани со производителите на вакцини што им дозволуваат да побараат развој на адаптирана вакцина во рок од 100 дена.

Таа додаде дека регулаторот за лекови на ЕУ работи на евалуација на адаптираната вакцина. Таа, исто така, истакна дека Европа сега може да произведува 300 милиони дози вакцина секој месец.

Со повеќе од милијарда дози испратени во остатокот од светот, ЕУ е најголемиот извозник на вакцини против ковид-19 – изјави Фон дер Лајен.

Таа, исто така, побара од земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат кампањите за вакцинација по појавата на омикрон.

Фон дер Лејен, исто така, ја појасни валидноста на сертификатите за ковид-19 кои се користат за патување, кои неодамна беа предмет на дискусии во ЕУ. Повторувајќи дека е препорачливо да се земе бустер вакцина шест месеци по целосната вакцинација, таа рече дека сертификатите ќе важат уште три месеци додека не се даде бустер-вакцината.