Нема да се воведуваат нови рестриктивни мерки за Новогодишните празници.

Според Фулипче епидемиолошката состојба во земјава е стабилна. Сите рестриктивни мерки кои се на сила остануваат и понатаму, рече министерот Филипче на денешната посета на Охрид, а пренесува Работник.мк

Засега нема да има нови мерки, прилично е стабилна епидемиолошката состојба. Имаме континуирано намалување на бројот на новодијагностицирани слуачи и во втората анализа проверка на дел од примероците не се најдени ни Делта ПЛУС сојот така да во таа смисла сметам дека нема потреба од никаква рестрикција , но апсолутно има потреба од почитување на протоколите кои се на сила и сега. Сите граѓани овие престојни празници да водат сметка за групирањето,да носат заштитни маски држење на дистаннца , многу е битно тоа за да не се соочиме повторно со влошување на епидемиолошката состојба, рече Филипче.