Луѓето во Италија имаат најдобар баланс меѓу работата и приватниот живот, велат од Агенцијата за економска соработка и развој ОЕЦД (OECD).

Само 3% од вработените во земјата работат повеќе од 50 часа неделно.

Данска, Норвешка, Шпанија и Холандија исто така се меѓу првите позиции.САД, пак, се наоѓаат на 29. место каде што над 1/10 од луѓето работат многу долго.

Луѓето во Италија уживаат во добриот баланс меѓу работата и семејството. Според ОЕЦД, најбитен аспект од здравиот баланс меѓу работата и приватниот живот е времето поминато на работа, колку луѓе остануваат предолго на работа и колку време останува за одмор и рекреација.

Авторите на индексот Better Life Index забележуваат дека постојат докази кои велат оти предолгото работно време (над 50 часа неделно) може да го поремети здравето на луѓето како што е да се загрози здрајето на луѓето и да се зголеми стресот.

Вработените Италијанци имаат најмногу време за одмор и рекреација, а само 3% од луѓето интервјуирани во студијата работеле доста долго. За споредба, 10.4% од американските работници работееле многу, поради што САД е долу на листста со земји со добар баланс меѓу работата и приватниот живот.