Мажите и жените често прават грешки во бракот на различни полиња, а Серж Бјеланко реши да ја сподели приказната од негова гледна точка.

Од неговото лично искуство, тој спомна четири грешки направени од сопрузите, кои можат да доведат до развод…

Премногу се опуштив

Со тоа, не мислам само на дебелеење, туку и психички сум мрзелив во бракот. Згрешив. Затоа почнете да внимавате на бракот како што внимавате на глупостите како фудбалот, советува Серж.

Бев себичен во сексот 

Бев еден од најлошите љубовници на сите времиња, продолжува Серж, кој вели дека во бракот секогаш се вртеле околу неговите желби и навики.

Иако неговата сопруга била прилично отворена во обидот да му објасни кои работи ѝ се допаѓаат во кревет, тој никогаш навистина не ја слушал.

Не помогнав со финансии

Не е важно колку жената сака пари или колку е добра во правењето пари, треба и двајцата да се занимавате со финансии, јасно вели Серж. Заработил, вели тој, но сите обврски и ги препуштил на сопругата.

Кажав некои работи што не требаше да ги кажам

Ништо, и со тоа не мислам ништо, никогаш не може да ги избрише работите што му ги кажувате на друго човечко суштество, вели Серж. Тој го знае ова од сопственото искуство. Никогаш не кажувајте лоши или непријатни работи кога се карате, заклучил овој сега веќе поранешен сопруг.