Алкохолот е штетен по здравјето на човекот. Предизвикува низа болести – од болести на црниот дроб, до болести на срцето.

Најновите истражувања покажуваат дека алкохолот дури и во умерени количини може да предизвика карцином. Оваа опасност повеќе им се заканува на жените, поради хормоналните осцилации што тие ги имаат.

Но, многумина од нас некогаш во животот посегнале по една чашка алкохол во услови на стрес.

Американците имаат славна изрека која се повторува низ цел западен свет, имено кога се наоѓаат во стресогена ситуација, успешно ја завршуваат со реченицата „I need a drink“ (Ми треба пијалок – се мисли на алкохолен).

Имено алкохолот директно влијае врз работата на хипофизата, ослободувајќи го хормонот на стрес – кортизол.

Алкохолот исто така почетно го намалува и адреналинот, а го поттикнува лачењето на хормоните на среќа и задоволство (како кога јадете чоколадо).

Мора да напоменеме дека ова дејство трае не повеќе од 15тина минути, а потоа се случува вистинска конфузија на хормони во организмот што може да резултира со агресивно однесување, плачење и други емоции кои се маскирани со испуштање на кортизолот и намалување на адреналинот на неприроден начин.

Наша препорака е да уживате во некоја чашка алкохол, но само до мера до која можете да контролирате негативен исход од „дружбата со чашката“. Се што е претерано сериозно го нарушува вашето здравје.

А и краткотрајното задоволство брзо ќе ви се обие од глава како бумеранг!

Избор на алкохол е важен 

Сетете се на „францускиот парадокс“. Црвеното вино има ефект врз дигестијата и подобрување на метаболизмот.

Новите истражувања покажуваат дека жените над 55 години го унапредуваат своето здравје доколку пијат по една чаша црвено вино дневно.