Експертите исто така ве предупредуваат да не земате лекови против болки без рецепт пред да се вакцинирате.
–Не се препорачува да земате лекови без рецепт, како што се ибупрофен или аспирин пред вакцинацијата, за потенцијално да се спречат несакани ефекти од вакцината, велат од ЦДЦ.
-Не е познато како овие лекови можат да влијаат на тоа колку добро вакцината делува. Меѓутоа, ако редовно ги земате овие лекови поради други причини, треба да продолжите. Исто така, не се препорачува да се земаат антихистаминици пред вакцинација и да се спречат алергиски реакции.
Како што објаснува GoodRk Health, сè уште нема прецизни студии за тоа како лековите без рецепт може да влијаат на одговорот на нашиот имунолошки систем на вакцината против Ковид.
Она што со сигурност се знае е дека водата за пиење никако нема да влијае на ефикасноста на вакцината.
– Хидратацијата генерално е добра за вашето здравје и функцијата на органите, но нема ефект врз одговорот на имунолошкиот систем на вакцината – објасни д-р Сулен Хопфер.