Сите кои планираат и оваа година да летуваат во Грција уште сега се интересираат околу тоа дали моменталната криза ќе влијае на цените во оваа земја.
Ана Пантос од Атина откри за домашните медиуми дека цените на намирниците и на бензинот драстично пораснале. Ана смета дека војната во Украина уште не влијаела на цените за сместување, иако вели дека секако влијаела на бројот на туристи што ги очекуваат во Грција.
Не можам да ви кажам дек (војната) влијаела на цените, но можам да ви кажам дека влијае на бројот туристи кој е нешто помал. Она што се очекува на лето е осетлив и значителен пад на туристите секако оние од Русија и од Украина. Полска, која е мепрвите пет по бројност на турсти. Ангила, која традиционално закажува летувања во февруари и март, оваа година има една третина закажани ноќаевања, за разлика од ланските, вели Ана Пантос, пренесува Б92.
Открива какви се цените на намирниците и горивата во Грција.На почетокот беше паника како и кај сите. Цените значително пораснаа, брашното исто така. На сето тоа влијаеше и намалувањето на извозот кој беше насочен кон Русија. Лебот, да речеме, поскапе од 80 центи на 1 евро. Килограм брашно поскапе за 20 центи, па со самото тоа влијаеше и на цената на лебот. Бензинот е нешто поскап во внатрешноста, а во Атина е околу 2 или 2,15 евра по литар, вели Ана.