Иако масивните и енигматични небесни тела познати како црни дупки не се лесни за откривање, научниците успеаја да го проценат приближниот број на овие објекти во универзумот.

Наместо да ја бројат секоја забележана црна дупка, истражувачите го фокусираа своето внимание на тоа како се формираат овие објекти.

Тим истражувачи смислиле нов метод кој вклучува следење на еволуцијата на ѕвездите и одредување колку често тие се претвораат во црни дупки, пишува space.com.

Користејќи го овој метод, тимот процени дека има околу 40 квинтилиони црни дупки со ѕвездена маса – односно црни дупки чија маса е приближно пет до десет пати поголема од онаа на Сонцето – и дека тие сочинуваат околу еден процент од сета „нормална материја“, пренесува Спутник.

Овие наоди потенцијално би можеле да им помогнат на научниците да добијат дополнителен увид во супермасивните црни дупки, кои се формираат со спојување на помали црни дупки.

Нашата работа обезбедува силна теорија за генерирање супермасивни црни дупки и може да биде почетна точка за истражување на нивното потекло, што ќе го истражиме во следниот труд, вели Лумен Боко, астрофизичар од Меѓународното училиште за напредни студии во Трст.