Утрово се евакуирани сите патници и вработени на Меѓународниот Аеродром во Скопје и евакуирани се патниците и вработениот персонал, поради дојава за бомба, известуваат од ТАВ. 

Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa.

Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот.

Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, стои во соопштението.

Училишта, поголеми трговски центри и значајни објекти веќе подолго време добиваат дојави за подметнати бомби преку електронска пошта, а МВР се уште трага по починителите за основано сомнение дека сториле кривично дело – тероризам за кое е предвидена казна според Кривичниот законик.