Заканите што ги посочува Арсовска за влечење по улици и бришење подови се скандалозни и потврдуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ е истата насилничка матрица која граѓаните на своја кожа ја чувствуваа цели 11 години, реагира СДСМ откако вчера скопската градоначалничка Данела Арсовска изјави дека со овие зборови ѝ се заканувал опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Навреди, клевети, уцени, закани за физичко насилство, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Арсовска го обвини Мицкоски за директни закани, а ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача на градоначалничката на Град Скопје да се провери дели е психички здрава, тоа говори за нивото на политичка и лична култура на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Евакуирани се сите патници и вработени на Меѓународниот Аеродром во Скопје поради дојава за бомба
Следната статијаПукна огромниот берлински аквариум во кој се наоѓаа 1.500 егзотични риби, се излеаја милион литри вода

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде