ЕУ воведува нови санкции кон Русија поради инцидентот со Навални

Навални испровоцира меѓународен скандал

778

Комитетот на постојани претставници во Европската Унија денеска се согласи со списокот со санкции против Русија во врска со инцидентот со Алексеј Навални, значително намалувајќи го за разлика од првичниот нацрт, од девет на пет лица, потврди дипломатски извор во Брисел за ТАСС.

Можам да потврдам дека амбасадорите постигнаа договор за список на лица за ограничувања. Има околу пет лица. Нивните имиња ќе бидат објавени подоцна во Службениот весник на ЕУ – рече тој.

Првично, Германија и Франција предложија ЕУ да преземе санкции против девет лица.

На сите лица кои се наоѓаат на црната листа ќе им биде забрането влегување во Европската Унија на една година. Нивните финансиски средства во ЕУ, ако бидат најдени, ќе бидат замрзнати. Санкциите може да бидат продолжени ако не бидат укинати од Европскиот суд на правдата.