Иако во Брисел денеска директно никој не го споменува бугарското вето, извесно е дека Македонија останува во чекалната на Европската Унија, а преговарачката рамка ќе чека подобри времиња.

Македонија сепак се најде на дневен ред на денешниот Совет за општи работи, но нејасно дали и какви формулации ќе произлезат за проширувањето.

Она што е јасно, а денеска пред почетокот на виртуелниот состанок на министерите, го потенцира претседавачот со Советот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, е дека Берлин опстојува на ставот Скопје и Тирана да ги почнат преговорите до крајот на годинава, а дека проширувањето не смее да биде заложник на билатералните прашања.