Мобилните телефони, таблетите, електронските читачи, слушалките, дигиталните фотоапарати, конзолите за видео игри и преносните звучници кои се полнат на кабел ќе мора да имаат USB-приклучок од типот C, без оглед на нивниот производител.

Сите нови уреди на пазарот на Европската унија ќе мора да имаат USB-C влез за единствен полнач до есента 2024 година, со цел да се намали електронскиот отпад, се договорија денеска Советот на ЕУ, Европската комисија и Европскиот парламент, пренесува „Politico“.

Мобилните телефони, таблетите, електронските читачи, слушалките, дигиталните фотоапарати, конзолите за видео игри и преносните звучници кои се полнат на кабел ќе мора да имаат USB-приклучок од типот C, без оглед на нивниот производител, се вели во соопштението, додавајќи дека лаптопите во рок од 40 месеци треба да се прилагодат на новите барања.

Производителот кој ќе треба да ги направи најзначајните промени е „Apple“, кој во септември беше против овој предлог.

Директивата за единствен полнач треба да биде усвоена на пленарна седница во јули.