Европската агенција за лекови (ЕМА) освен што пред неколку месеци ја изрече препораката да не се вакцинираат млади, особено жени со АстраЗенека, сега и со нова препорака, да не се дава британската вакцина и на 60+ поради опасност од згрутчување на крвта.

Марко Кавалери, шеф на РГ на ЕМА за италијанскиот весник „Стампа“ рече дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува „Ројтерс“.

Кавалиери изјави дека, со оглед на тоа дека епидемијата се намалува и младите се помалку изложени на ризици поврзани со вирусот, ЕМА смета дека би било подобро за нив да користат вакцини засновани на технологија мРНА, како што се оние на „Модерна“ и „Фајзер“.

Препораката важи и за постари од 60 години.

Кавалери потсети дека Франција и Германија одлучија да ја избегнат Астразенека за лица постари од 60 години.