дома информација вест Еди Рама нема да дозволи затворање на Албанија поради КОВИД19

Еди Рама нема да дозволи затворање на Албанија поради КОВИД19

579
0

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека ги презема сите мерки за да се избегне второто затворање на земјата поради вирусот.

За време на јавната презентација на мрежата на инспектори, кои ќе ги предупредат граѓаните да носат маски и да ги почитуваат мерките, тој рече дека по секоја цена ќе се обиде да го избегне тоа.

Тој рече дека владата на таа земја има две цели – да спречи ширење на вирусот и да избегне затворање на земјата, од која стравува целиот свет.

Не сакаме да ја затвориме земјата, не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат дома повторно – рече Рама.