дома информација вест Директорка на градинка во Македонска Каменица доби кривична пријава

Директорка на градинка во Македонска Каменица доби кривична пријава

Злоупотребувала службена позиција за стекнување на лична корист, стои во обвинението

379
0

Директорка на детска градинка во Македонска Каменица доби кривична пријава за злоупотреба на службена должност заради стекнување на лична корист.

Од 1.1.2017 до 31.12.2017 во Македонска Каменица таа како директор на детска градинка, без да спроведе постапка за прибирање понуди и спротивно на чл. 28 и чл. 100 од Законот за јавните набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена транспарентна постапка извршила набавка на стоки и услуги во вредност од над 500 евра во денарска противвредност, и тоа од повеќе правни лица во вкупна вредност од 271.649 денари, а во еден случај извршила делење на истородна услуга – превоз на деца, со што постапила спротивно на чл. 27 ст. 1 од Законот за јавните набавки и извршила набавка на услуга во износ од 35.047 денари. Со ова, пријавената, без да спроведе тендерски постапки, извршила набавка на разни стоки и услуги во вкупна вредност од 306.696 денари, со што повластила одредени правни лица да стекнат корист, стои во соопштението на МВР