Државата може да помогне, но и универзитетите треба да видат што може да направат, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најновото рангирање на Шангајската листа според кое Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) падна за 27 места надолу.

Ковачевски најави средба со ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски и порача дека нашите универзитети треба да овозможат школување не само на домашни, туку и на странски студенти.

Универзитетите во нашата држава се независни во спроведувањето на своите образовни и истражувачки политики и секако од критериумите врз основа на коишто се прави оценувањето и од тоа што имаат сите универзитети поединечно направено зависи и рангирањето на самата Шангајската листа. Во однос на тоа дали државата може да помогне, да, може да помогне, рече премиерот.