Во редот на оние што поднесоа оставки на директорските места во скопските комунални претпријатија денеска застана и Ангеле Сотировски, првиот човек на „Паркови и зеленило“.

И Сторивски, инаку кадар на Социјалистичката партија, бил незадоволен од работата на градоначалничката Данела Арсовска и нејзиниот однос.

Од Социјалистичката партија соопштија дека и покрај стручноста на Сотировски и исполнување на програмските активности функционирањето на претрпијатието било во опасност најмногу поради Арсовска.

За сметка на декларативната независност, неприфатлив е нејзиниот неразумен и одмазнички однос кон кадрите предложени од политичките партии кои застанаа зад нејзината кандидатура и кои несебично учествуваа во изборната кампања. Со тоа сметаме дека таа, со потценувачкиот однос, не само што ги предаде политичките партии од коалицијата „Обнова на Македонија“, туку ја изневери довербата и очекувањата на граѓаните на Скопје, наведоа од партијата