Град Скопје ги известува граѓаните дека во петок, 29 април 2021 година, ќе почне авионската дезинсекција на подрачјето на градот против лаври од комарци

„Авионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци ќе се реализира в петок во раните утрински часови“, се наведува во соопштението на градските власти.

Во него се додава дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Воедно, се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.