Претпладне облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди.

Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд.

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 7, максималната 14 степени.