Вашиот внатрешен монолог може да изгледа како разговор што го водите гласно.

Многу животни прашања најчесто се прашање на перцепција. Дали небото што го набудуваме е истата нијанса на сина како што е за нас? Дали животот на луѓето со кои сме опкружени навистина е исполнет и комплексен како нашиот?

Ова се длабоки прашања кои немаат конечен одговор. Кај некои луѓе, внатрешните мисли имаат форма на јазик, додека кај други доминираат невербалните знаци.

Експертите се согласуваат дека не сите луѓе имаат внатрешни монолози. Психологот Расел Т. Хурлбурт напиша во списанието „Psychology Today“ дека внатрешниот монолог е „силен феномен“, но не е универзален.

– Убеден сум дека постојат индивидуални разлики. Некои луѓе зборуваат многу за себе, а некои никогаш или само повремено – вели Хурлбурт.

Повеќето луѓе се наоѓаат помеѓу линијата на вербално и визуелно размислување, со овие два вида на мисли често испреплетени.

Истражувачите од Одделот за психологија на Харвард откриле дека визуелното размислување стимулира одредена количина вербални мисли и обратно.

Исто така, тие откриле дека мислите во форма на реченици се претежно поврзани со иднината, додека мислите во форма на слики се повеќе поврзани со сегашниот момент, пишува Кликс.ба.

Интересно е што луѓето дури и не размислуваат за начин на размислување различен од својот. Можеби изгледа дека луѓето кои заработуваат за живот со пишување – размислуваат со зборови, но тоа не мора да биде правило.

Истражувачите се согласуваат дека не постои супериорен и подобар начин на размислување. Секој треба да го примени оној што е поприфатлив и природен за него.