Тарифата од 5 проценти за увоз на електрични автомобили во Босна и Херцеговина наскоро би можела привремено да се укине, додека за хибридните возила од 15 проценти ќе се намали на 5 проценти, пишува Balkangreenenergyways.

Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ предложи овие мерки да траат до крајот на следната година.

Новите царински стапки ќе се однесуваат на увозот на автомобили кои немаат повластен статус на стоки од земјите со кои БиХ има склучено договори за слободна трговија, соопшти Министерството.

Одлуката би го стимулирала увозот на тој тип на автомобил, од кој БиХ би имала повеќекратна корист и од аспект на намалување на загадувањето на воздухот и заштита на животната средина, како и од аспект на подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот.

Исто така, би се направило усогласување на царинските стапки при примена при увоз на нови автомобили во БиХ со царински давачки што се применуваат во регионот при увоз на овие производи.

Во средината на 2019 година, БиХ забрани увоз на користени автомобили со мотор Еуро 4 и нови автомобили со мотор Еуро 5. Целта на таа одлука, според претходните извештаи, исто така беше да се намали загадувањето на воздухот, како и да се исполнат услови за прием во Европската унија во контекст на намалување на емисиите на СО2.