Постојат многу основни причини за сува кожа. Тие започнуваат со животните навики, надворешните услови и производите што ги користиме. Усните можат да бидат особено погодени бидејќи кожата на усните е многу потенка од остатокот на лицето, што ги прави понежни.

Усните се сушат и се намалува внесот на течности, а еве неколку намирници кои особено влијаат на нивната сувост:

  • Зачинета и топла храна

Зачинета и топла храна може да предизвика воспаление, испукана кожа и сувост. Бидејќи усните допираат и храна, една од причините за нивната сувост може да биде и оваа. Хемикалијата во одредена зачинета храна наречена капсаицин е една од причините.

Освен тоа, можеби сте повеќе склони да ги лижете усните кога јадете зачинета храна, што дополнително ја дехидрира кожата, пишува Mind Body Green.

  • Кафе

Кафето, особено кога се служи топло, може да ги дехидрира усните. Обрнете внимание на вашите усни.

Ако забележите дека усните ви се суви, тоа може да укажува на тоа дека пиете премногу кафе. Покрај тоа, кафето е диуретик, па може да дехидрира кога се пие во прекумерни количини.

  • Недостаток на Б12

Докажано е дека витамините Б промовираат здрава кожа и го поддржуваат заздравувањето на раните, а кога ви недостасуваат овие витамини, тоа може да доведе до суви усни. Храна богата со витамини се говедско месо, живина, риба, јогурт и јајца.