Продажбата на електрични автомобили во светот, вклучително и целосно електрифицирани и plug-in хибриди, се удвои во 2021 година, достигнувајќи нов рекорд од 6,6 милиони, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA) „Преглед на глобален пазар на електрични возила“.

Кина имаше удел од една половина од вкупната светска продажба на електрични автомобили со 3,3 милиони единици, додека продажбата во Европа се зголеми за 65% до 2,3 милиони минатата година, пренесува агенцијата Анадолија.

Така, вкупниот број на електрични автомобили на патиштата низ светот се зголеми на 16,5 милиони возила до крајот на 2021 година.

Колку за споредба во Македонија се уште не постои закон за електрични возила што укажува на тоа дека, интересот за електрични автомобили е исклучително мал и незначителен. Сите промени на глобално ниво, се проценува дека во Македонија доцна барем за 2-3 децении.