Веројатно ви се случило барем еднаш да испиете јогурт и да сфатите дека му истекол.

Паниката поради страв од непријатни последици од можно труење е сосема сигурна затоа што никој не сака да поминува часови на тоалетната чинија виткајќи од болка.

Дали тоа навистина ќе се случи ако пиеме јогурт со поминат рок, открива нутриционистката Кери Ганс.

Јогуртот е добар извор на калциум за зајакнување на коските, но и за здравјето на цревата поради добрите бактерии што ги содржи. Исто така е богат со протеини. Во основа, следниот пат кога ќе најдете јогурт со поминат рок, не го фрлајте затоа што датумот означен како „рок на употреба“ не значи дека истекол технички, но дека е најдобро да се користи до наведениот датум, тврди таа и посочува дека станува збор за квалитет, а не за безбедност.