Иако народот е запознат со реченицата во која се советува „да му се даде вечерата на непријателот“, во пракса тоа не се покажа како најпаметна одлука.

Имено, кога сте гладни, тоа може да има негативно влијание врз нормалното функционирање, учењето или работата, а во најлош случај, гладот ​​може да предизвика и депресија, пишува „Bride Side“.

Ако легнете „на празен стомак“, во вашето тело се случуваат негативни дејства што можат да предизвикаат сериозни здравствени последици, сметаат експертите.

Стекнување на несакани килограми

Многу луѓе се откажуваат од вечерата со цел да ослабат бидејќи веруваат дека клучот за слабеењето е прескокнувањето на вечерниот оброк.

Сепак, негативниот и сосема спротивен ефект се јавува токму кога прескокнувате редовни оброци, вклучително и вечера.

Имено, недостатокот на енергија за организмот да функционира во текот на ноќта може да доведе до забавен метаболизам, а забавениот метаболизам го забавува слабеењето.

Од друга страна, недостатокот на сон може да ве направи нервозни и незаситни, што доведува до прејадување и добивање на вишок килограми.

Затоа, лесна закуска полна со протеини или влакна се препорачува неколку часа пред спиење, и ќе се разбудите свежи и полни со енергија, а метаболизмот нема да се забави.