Ако се вративте од плажа или од патување како пржен лосос, сува и затегната кожа болна на допир, тоа значи дека не се придржувавте до пропишаните мерки за заштита од сонце …

Многумина се колнат дека во тој случај, киселото млеко е најдоброто средство за санирање на изгореници. Дали е тоа навистина точно?

Да. Имено, киселото млеко содржи витамин А, аминокиселини, млечни киселини, масти и протеини, а сите овие состојки се одлични за кожата.

Јогуртот содржи и ензими и пробиотици кои се многу ефикасни во лекувањето на оштетена или изгорена кожа.

Доколку добиете изгореници од сонце, проверете дали киселото млеко е добро разладено и дали рацете ви се чисти.

Нанесете директно на изгорениците и оставете да делува десет минути.

Исплакнете со вода и може да ја повторите постапката неколку пати на ден.